Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] На Славески и на Данела им е забавно: Ааа, нова фризура, „не ве препознав“, ха-ха-хи-хи, а Скопје тоне по сите основи

Видео од седница на Советот на Град Скопје се врти како хит на социјалните мрежи.

На него се гледа како за збор се јавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а претседавачот на Советот, Трајко Славески, не ја препознава поради новата фризура и мисли дека е некоја вработена од правната служба.

Потоа следува „ааа, нова фризура“, „не те препознав“, ха-ха-хи-хи, сите се смеат, а Скопје тоне по сите основи.

Инаку видеото е вирално заште е познато е дека двајцата постојано се во конфликт и често се караат на седниците, но овој пат се прикажаа во друга светлина, па еден од коментарите на социјалните мрежи оди до таму со шегата што вели „Овие на крај да не се земат? Кој се кара – тој се сака“, така ли беше?“.

Зачлени се на нашиот е-билтен