САД го добија својот досега најнизок резултат на индексот на перцепција на корупцијата откако беше воспоставено рангирањето на Транспаренси Интернешнл во 2012 година за корупција во јавниот сектор во 180 земји.
САД се една од 47-те земји што ја добија својата најниска оценка досега и не се пласираа межу првите 20 „најчисти“ земји, врз основа на оценката за перцепција на корупцијата.
Според бројките, САД добија 65 од 100 индексни поени што е пад од четири поени од 2023 година.
Според Транспаренси Интернешнл, Индексот за перцепциија на корупцијата ги рангира земјите и териториите врз основа на нивоата на корупција во јавниот сектор што ги перцепираат експертите и деловните луѓе.
САД се рангирани на 28 место, од вкупно 180 земји и е изедначена со Бахамите.
Данска, Финска и Сингапур се првите три најчисти земји во однос на корупцијата.
Иако, според Аксиос, не е јасно кои точни фактори придонеле за падот на Соединетите држави, Транспаренси интернешнал го истакна „несоодветното влијание“ на индустриите што ја поткопува политиката за климата и животната средина во земјите со ниско и високо ниво на корупција.
Освен тоа 2024 година беше година на невиден изборен циклус, а во мај, тогаш поранешниот претседател Трамп беше осуден за 34 кривични дела, првпат за кој било поранешен или актуелен претседател на САД, пред да биде реизбран во ноември.
Следеше тензична транзиција на власта кога претходниот претседател Бајден да го помилува својот син.
Оваа оценка не го одразува почетокот на 2025 година, бидејќи некои американски законодавци предупредија дека пресвртот во државната служба и замрзнувањето на федералните фондови ја доведуваат земјата до уставна криза.