Лажни се медиумските написи дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се разводуваат по разделбата од неколку дена откако сопругата на рап магнатот ги шокираше присутните на Греми 2025 со својата гола појава на црвениот тепих на шоуто за доделување музички награди, а тој направи антисемитска тирада на социјалните мрежи, изјави нивниот долгогодишен претставник за Холивуд Репортер во четвртокот.
„Канје и Бјанка се во Лос Анџелес, за да уживаат заедно во Денот на вљубените. Најавите за нивниот приватен живот ќе ги добиете од нив, а не од гласините без извори во таблоидниот печат“, изјави за Холивуд Репортер Мило Јанополоус, долгогодишен претставник на парот. „Дали ова е петти или шести пат кога печатот погрешно пишува дека Је и Бјанка се разделуваат? Изгубив трага“.
Во извештај на Дејли Мејл рано во четвртокот беше наведено дека, според неименуван извор близок до раперот, двојката се разделила, а во наредните денови се очекува и судска постапка за прекин на бракот откако почнаа да „летаат“ обвинувања дека Канје ја третира својата партнерка како промотивен предмет.

