Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Австралија, присуствуваше и се обрати на настанот со кој беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Австралија.
Тој во интервју за SBS Австралија на прашањето какво би било влијанието врз економијата воведувањето на повисоки даноци за увозот од странство кои ги најави Трамп, вели дека е потребно поголемо партнерство меѓу земјите.
-Мислам дека треба засилен дијалог меѓу ЕУ и администрацијата на претседателот на Трамп, таа е администрација која има прилично прагматичен пристап во меѓународните односи, но пристап којшто како таков доби сериозен легитимитет од огромен број граѓани на САД и треба повисок степен на свест и од двете страни. Верувам дека поголемо партнерство од партнерството кое постои меѓу САД и земјите од европскиот континент не може ни да има. Сите отворени прашања со дијалог може да се решат, вели Муцунски.