Се движи ли магмата – Научниците загрижени за вулканот на Санторини

Санторини повторно е под научен надзор поради зголемена сеизмичка активност, која во петокот навечер предизвика загриженост кај експертите. Европскиот Сеизмолошки Центар (EMSC) потврди дека биле регистрирани хармонски бранови и татнеж, што може да укажува на движење на магмата кон површината.

Според професорот по геофизика Луис Донозо, кој ги анализирал податоците од сеизмографската станица „Тира“, сигналите не биле резултат на тектонски поместувања, туку на магматски движења низ пукнатините на карпите. Иако активноста траела околу три часа, подоцна не била забележана значајна вулканска реакција.

Сепак, научниците предупредуваат дека вулканот на Санторини не е целосно неактивен и може да влезе во нова фаза. Последните мерења покажуваат дека северниот дел на калдерата се подигнал за 4,5 сантиметри, што дополнително ја зголемува загриженоста.

Професорот Мајк Бартон од Универзитетот во Манчестер посочува дека, иако исходот не може со сигурност да се предвиди, ваквите активности можат да резултираат со „импресивна, но веројатно безопасна“ ерупција, слична на онаа од 1925 година.

Иако нема непосредна опасност, научниците нагласуваат дека состојбата бара континуирано следење. Геодинамичкиот институт продолжува со детално надгледување на вулканската активност за да се осигура безбедноста на жителите и туристите на островот.

Извор Телеграф.рс

Зачлени се на нашиот е-билтен