Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД сметаат дека шефот на ОН е премногу мек кон Москва, сугерираат објавените досиеја

САД веруваат дека генералниот секретар на ОН е премногу подготвен да ги прифати руските интереси, според новите откритија во доверливите документи објавени на интернет.

Досиејата сугерираат дека Вашингтон внимателно го набљудувал Антонио Гутереш. Неколку документи ги опишуваат приватните комуникации во кои се вклучени  Гутереш и неговиот заменик.

Тоа е најновото од протекувањето на тајни документи, до кои американските власти се обидуваат да стигнат.

Документите содржат искрени забелешки од Гутереш за војната во Украина и голем број африкански лидери. Еден објавен документ се фокусира на Црноморскиот договор за жито, постигнат со посредство на ОН и Турција во јули, по стравувањата од глобална криза со храна. Од документот произлегува дека Гутереш толку сакал да го зачува договорот што бил подготвен да ги прифати барањата на Русија.

„Гутереш се залагал за извоз од Русија дури и ако извозници се санкционирани руски фирми или поединци“, се вели во документот.

Неговите дејствија во февруари, според оценката, ги „поткопуваат пошироките напори да се бара одговорност од Москва за нејзините постапки во Украина“.

Претставници на ОН се наежија од сознанијата дека највисокиот светски дипломат е мек кон Москва. Велејќи дека нема да коментира за објавените документи, еден висок функционер рече дека ОН се „водени од потребата да се ублажи влијанието на војната врз најсиромашните во светот“.

„Тоа значи да направиме се што можеме за да ја намалиме цената на храната“, додаде тој, „и да се осигураме дека земјоделските суровини се достапни за оние земји на кои им се најпотребни“.

Русија често се жалеше дека нејзиниот сопствен извоз на жито и вештачко ѓубриво е негативно погоден од меѓународните санкции и се закани најмалку двапати дека ќе ја прекине соработката во договорот за жито доколку не се решат тие прашања.

Руското жито и вештачко ѓубриво не се предмет на меѓународни санкции, но Русија вели дека доживеала потешкотии со обезбедувањето на превозот и осигурувањето.

Официјалните претставници на ОН се очигледно незадоволни од американското толкување на напорите на Гутереш. И тие велат дека Гутереш многу јасно го кажал своето противење на војната што ја почна Русија.

Извор: Би-Би-Си

Најново