Амбасадорите на 27-те земји од ЕУ денеска усвоија нов, 16-ти пакет санкции против Русија, кој меѓу другото вклучува забрана за увоз на руски алуминиум во Унијата, објавија дипломати во Брисел.
Новите санкции, кои официјално ќе бидат усвоени од министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник, вклучуваат и дополнителни мерки за ограничување на извозот на руска нафта, соопштија дипломатски извори, пренесе Радио Франс Интернасионал (РФИ).
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро вчера во Брисел најави нова серија санкции против Русија.
Ова е 16-ти пакет европски санкции против Русија, а тие треба да бидат официјално усвоени на 24 февруари, на следниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, датум што ја одбележува третата годишнина од рускиот напад врз Украина.
Според RFI, европските санкции биле активирани два дена порано, откако Кремљ ја призна независноста на републиките Луганск и Доњецк.
Целта на 16-тиот сет на санкции е да се засили борбата против паралелните текови на препродажба на руски јаглеводороди.
Според RFI, ЕУ била охрабрена од вчерашните изјави на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој рече дека санкциите на Унијата значат дека нејзините претставници мора да бидат присутни кога се носат одлуки на преговарачката маса во врска со Украина.