Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил на 233 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 8,2 километри, наведе Институтот.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.