Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе има ли по 3.000 работни места во администрацијата за секој од владините партнери?

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, ја вознемири јавноста со изјавата дека во администрацијата ќе се вработуваат само партиски кадри. Тој истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

Ваквите најави за СДСМ се скандалозни, бидејќи партнерот на Мицкоски, Меџити докажал дека во моментов се случува масовна партизација од БРЕДИ, во сите институции.

„Ова е со амин и во договор со Мицкоски. Пред изборите ветија мерит-систем, професионализација и праведна држава, а сега веќе е нова песна. СДСМ предупредуваше дека ова се случува а сега доаѓа како директна и бесрамна потврда од Меџити. ВЛЕН ја третира државата како приватен бизнис, кој треба да го наполнат со партиски војници. Мицкоски седи и немо гледа што се случува. Но јасно е дека ова не е случајна изјава. Се поставуваат прашања – дали веќе постои подготвен план за масовна партизација на институциите пред изборите? Дали јавната администрација повторно ќе се претвори во партиски штаб наместо во сервис за граѓаните“, рече Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Од СДСМ бараат итно стопирање на сите партиски вработувања и преиспитување ‘дали постои организиран план за масовна партизација од страна на Меџити’. Георгиевска Трпевска додава дека Македонија не смее повторно да стане заробена држава, затоа што, наместо партиска армија, на државата ѝ требаат реформи, економски развој и вистинска шанса за младите.

Инаку првиот вицепремиер Миџити рече:

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјави Меџити, на партиски настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари.

На најавата на Миџити за партиски вработувања, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, му порача да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата и да не ветува вработувања за Албанците во администрацијата, затоа што тоа го смета за предизборен популизам кој нема врска со институционалната основа.

„Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа. Оттука, би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување“, вели Минчев.“, рече Минчев .

Меџити му возврати на Минчев, тој сеуште тврди дека веќе има одлука во Владараа за 1500 луѓе кои што работат во здравството, повеќе да не бидат на договор на дело.

„Има одлука на Владата за трансформирање со решенија на неопределено и истиот пристап ќе биде и во другите институции. Нема да играме со луѓето како што играа во минатото и да ги искористуваме за избори. Потребни се во здравството, треба да имаат решенија на неопределено и да се посветат целосно на подобро здравје“, кажа Меџити, овојпат при посетата на граничниот премин „Блаце“ заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и неговиот косовски колега, Џелал Свечља.

Зачлени се на нашиот е-билтен