Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека не мисли дека е важно украинскиот лидер Володимир Зеленски да присуствува на преговорите за војната во Украина.
Во интервјуто со Брајан Килмид за радиото Фокс њуз, Трамп призна дека Русија ја нападна Украина, но предложи поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Зеленски да ја споделат вината за неуспехот на разговорите со Москва.
“Со години го гледав како преговара без адут. Тој нема адути и ми се гади од тоа. Затоа, мислам дека не е важно да биде на состаноците, да бидам искрен со вас. Тој го отежнува постигнувањето договор”, рече Трамп.