Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ ја достави документацијата за скандалот со Меџити: Ќе продолжи ли Мицкоски да го штити?

Денеска, СДСМ ја достави документацијата за скандалот со вицепремиерот Изет Меџити на премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на неговиот јавен повик да се достават докази за сомнежи во врска со корупција и неправилности во работата.

-Документите, кои се доставени од свиркачи и потекнуваат од државни институции, содржат архивски броеви, печати и потписи, кои покажуваат сериозни индиции за злоупотреби. Во нив се вклучени наводи дека Државниот управен инспекторат утврдил неправилности во работењето на Меџити, вклучувајќи пречекорување на неговите законски овластувања и потпишување на сите предмети лично. Ова поставува прашања за тоа дали Меџити се обидувал да воспостави контрола која би му овозможила уцени на фирмите и граѓаните, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување кој е спротивен на законите и административните процедури, што отвора сомнежи за корупција и мито.

-СДСМ бара од премиерот Мицкоски да ги разгледа овие документи, да одговори на сите овие сомнежи и да преземе одговорни чекори. Прашањето сега е дали Мицкоски ќе го повика надлежните институции да истражат или ќе продолжи да го штити Меџити, праша Кузеска.

Зачлени се на нашиот е-билтен