Европските и американските берзански индекси денеска бележат пад, заедно со цените на нафтата и златото, додека цената на пченицата е во пораст.
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека на 4 март ќе стапат на сила царини од 25% за Мексико и Канада, како и дополнителни 10% за кинескиот увоз.
Оваа недела Трамп најави и царини од 25% за европските автомобили и друга стока, но без конкретен временски рок, што предизвика значајна распродажба на акции на водечките светски берзи, пренесува CNBC.