Расте задолжувањето на домаќинствата и компаниите во еврозоната

Во јануари е забележан забрзан раст на банкарските кредити за домаќинствата и компаниите во еврозоната, покажува извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења.

Кредитите на банките за домаќинствата во еврозоната се зголемиле за 1,3% на годишно ниво, што е побрз раст во споредба со декемвриските 1,1%. Ова е најголем пораст на кредитирањето на домаќинствата од јули 2023 година.

Кредитирањето на компаниите (освен финансиските корпорации) исто така бележи забрзување, со раст од 2% во јануари, во споредба со 1,7% во декември.

Вкупната вредност на кредитите за приватниот сектор се зголемила за 2,3% на годишно ниво, додека ликвидните средства во еврозоната (монетарен агрегат M3) пораснале за 3,6%, а паричната маса во оптек (M1) за 2,7% во однос на истиот период минатата година.

Зачлени се на нашиот е-билтен