Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево најмногу трошеле за плати и договорни услуги


Помалку приходи и пониски расходи во однос на планот, покажуваат сумираните податоци за финансиите на локалните самоуправи во 2024. Кај сите има потфрлување и на страната на полнење и на страната на празнење на општинските каси, пишува Порталб.мк.

На локално ниво, највисоки износи се трошат за плати и придонеси, договорни услуги, градежни објекти. На приходната страна пак дел од општините не успеале да го остварат планот за наплата на даноците.

Општина Арачиново од годишните планирани приходи за 2024 година реализирала 81,5%. На приходната страна големо потфрлување има кај клучниот извор на финансирање, од данок на имот собрала 69.500 евра што е само 53,1% во однос на планот. Помалку пари се собрани и од данок на доход и од данок на специфични услуги. Буџетските трошења на оваа општина во однос на планот се реализирани со стапка од 78,3%. Најголем дел од буџетот или 1,8 милиони евра се потрошиле за плати и придонеси а повисоки трошковни ставки се „договорните услуги“ и „поправки и тековно одржување“.

Реализација на Буџет 2024

Приходи Расходи

Општина Арачиново 81,5% 78,3%

Општина Гостивар 95,8% 95,5%

Општина Дебар 92,8% 91,2%

Општина Кичево 90,9% 90,7%

Извор: МФ

Можеби ќе ве интересира
ЗА ЕДНА ГОДИНА ВНАТРЕШНИОТ ДОЛГ ПОРАСНАЛ ЗА 217 МИЛИОНИ…

плусинфо 18/02/2025
ЕВРОПА НЕМА ДА ОДИ СПРОТИ ВЕТРОТ, ТУКУ ЌЕ БИДЕ ОДВЕАНА ОД…

плусинфо 04/02/2025
Општина Гостивар е една од оние кои успеале да ја наполнат општинската каса блиску до планот – со реализација на вкупните приходи од 95,8%. Наплатата на данокот на имот изнесува 90,5% а нешто повеќе од годишниот план била реализацијата по основ на данок на доход. Највисока приходна страна се државните трансфери. На расходната страна и оваа општина лани имала помала реализацијата во однос на планот, од 95,5%. За основни плати и придонеси биле потрошени 16,7 милиони евра. Повисоки трошковни ставки се „други градежни објекти“, „поправки и тековно одржување“ и „договорни услуги“.

Во однос на планот за годишните приходи, Општина Дебар успеала да оствари 92,8% и потврдувањето е како последица на понискиот износ на државните трансфери. Оваа локална самоуправа успеала да наплати повисок износ од планираниот по основ на данокот на имот со натфрлање од околу 15% а повеќе пари од планираното наплатила и од данок на доход и од данок на специфични услуги. На буџетската расходна страна, вкупните трошења се реализирале со стапка од 91,2%. И кај оваа општина највисока расходна ставка се основните плати и придонеси за што лани биле потрошени 4,9 милиони евра. Повисоки износи се одлеале по основ на „други градежни објекти“ и комунални услуги, греење, транспорт“.

Реализација на приходи од данок на имот

Општина Арачиново 53,1%

Општина Гостивар 90,5%

Општина Дебар 115,0%

Општина Кичево 114,7%

Извор: МФ

Во групата локални самоуправи кои успеале да наплатат повеќе даноци во однос на планот е Општина Кичево. Вкупните буџетски приходи лани биле реализирани со 90,9% а целосното неостварување е главно поради понискиот износ на државни трансфери. Наплата на данокот на имот изнесува 14,7% повеќе во однос на планот а повеќе пари се собрале и од данокот на доход додека најголем износ е собран од наплата на „даноци на специфични услуги“. На расходната страна од буџетот на општината реализацијата изнесувала 90,7%. За исплата на плати и придонеси лани се потрошиле 11,4 милиони евра а зад оваа ставка според износот е ставката „други градежни објекти“. Позначајни износи се одлеале и о основ на „договорни услуги“ и „разни трансфери“.

Во следното продолжение на анализа ќе се објават буџетските податоци за Струга, Тетово, Чаир, Сарај и Град Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен