Полицијата го приведе Капушевски

Од Основното јавно обвинителство ГОКК ја потврдуваат акцијата, но велат дека подетални информации ќе споделат во текот на утрешниот ден.

„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати – велат од ОЈО ГОКК.

Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати.

Неофицијално, приведен бил и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“, но за негово апсење речиси да нема потврда.

Зачлени се на нашиот е-билтен