Новинарка на РТС ги нарече српските протестанти – орда

Бојана Млаѓеновиќ, новинарка која работи 16 години во РТС, стана центар на контроверзии по изјавата дадена во емисијата на Бојана Млаѓеновиќ, кога ја нарече групата на луѓе кои ќе протестираат на 15 март – „орда“.

Протестите кои студентите организираат од месеците наназад се интензивираа по последното појавување на претседателот Александар Вучиќ на јавниот сервис. Во интервјуто, Вучиќ ги критикуваше студентите кои кампуваат пред српското претседателство, на што водителката одговори со „Така е“, додавајќи: „Не треба да сметаме на добрата волја на ордата“.

После оваа изјава, студентите ги блокираа влезовите на РТС и се собраа пред зградата на телевизијата во знак на протест. До инцидент дошло кога пристигнале полицајци и жандармерија.

Во денешната изјава за медиумите, Бојана Млаѓеновиќ објасни дека дел од нејзиното прашање е извадено од контекст. Таа наведе дека не ги нарекла студентите „орда“, туку лицата кои, според претседателот, имаат намера да извршат насилство. Млаѓеновиќ се извинила за употребата на тој термин, нагласувајќи дека не е дел од нејзиниот новинарски речник.

Како уредничка на информативната програма на РТС, Бојана Млаѓеновиќ е познато лице во медиумската индустрија и добитник на награда за придонес во владеењето на правото. До инцидентот, таа беше активна на социјалните мрежи, но ги деактивирала своите профили по реакциите на јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен