Полцијата информира морбичен настан откако погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и ги фрлало остатоците од починатите лица на друга локација. Вчера во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово.
Како што велат, тие веднаш, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, извршиле пребарување, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Сепак, по дополнителна истрага, полицијата дошла до сознание дека истиот извршител во повеќе наврати вршел ископ на стари гробови и остатоците од починатите ги префрлал на друга локација.
Подоцна бил направен увид на местото по овластување на Јавен обвинител. Излезено е на увид на гробиштата во с.Смојмирово и на удолницата на јужната страна, каде биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.