Во Србија започнаа апсењата на активисти на Движењето на слободни граѓани

Во Србија започнаа апсењата на активисти и членови на новосадскиот одбор на Движењето на слободни граѓани (ДСГ) поради снимка која синоќа беше објавена во провладините медиуми.

На снимката се гледа како група луѓе разговараат за можни упади во Собранието на Србија и во Радио телевизија на Србија.

ДСГ се огради од снимката, но и додадоа и дека луѓето биле незаконски прислушувани, а тоа бил приватен разговор, а не организирање на насилни протести.

Приведени се Младен Цвијетиќ, советник на ПСЖ во парламентот на Нови Сад и Срѓан Ѓуриќ, член на ДСГ, како и Ладо Јововиќ.

Тие се сомничат, како што пренесуваат медиумите, за кривично дело Подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соизвршителство од чл. 320 во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309, ст. 1 од Кривичниот законик на Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен