Српскиот парламент заклучен до понеделник: Властите инсистираат на „терористички чин“

И пред апсењето, државните лидери тврдеа дека се подготвува потенцијален терористички акт. Највисоките државни функционери продолжуваат да покажуваат со прст кон ректорот и деканите на Универзитетот во Белград, тврдејќи дека тие се дел од група чија крајна цел е да го убијат претседателот. А околу Претседателството и Пионерскиот парк утрово се појавија трактори.

Тракторите пристигнаа во текот на ноќта пред Паркот на Пионерите. Како да знаеја дека „студентите 2.0“, како што се нарекуваат тие што само сакаат да научат, нема да го слушаат претседателот и до недела ќе се повлечат од просторот пред Претседателството.

„Ние студентите кои сакаме да студираме ќе останеме во Паркот на Пионер до понатамошно известување. Тука сме легитимно и легално“, рече студентот, Милош Павловиќ.

„Упатуваме јавен апел до сите надлежни институции, носители на јавни функции и до медиумите одговорно да ја извршуваат својата работа и да престанат со опасното вознемирување на јавноста. „Предупредуваме дека изнесувањето и ширењето на лажни информации преку медиумите од носители на јавни функции, во контекст на предизвикување паника и создавање атмосфера на несигурност кај граѓаните, е основа за правна, политичка и морална одговорност“, соопшти Ректорската управа.

Ректорската управа последниве денови се обиде да ги смири страстите и да се погрижи се да помине достоинствено. И овој повик и поддршката што им ја даваат на студентите им претставуваат трн во око на властите кои ги етикетираат како учесници во предизвикување можна граѓанска војна.

„Повик да се подготви терористички акт“

„Она што го слушнавме вчера беше повик за подготовка на терористички акт од група политички екстремисти. И јас многу добро ги познавам затоа што политички се борев против нив и како градоначалник на Нови Сад и денес како премиер“, рече премиерот во заминување Милош Вучевиќ.

Никој од државните функционери не објаснува како наводната подготовка на терористички акт, во која учествуваа активисти и советници од Нови Сад, најпрво се најде во медиумите, на националните телевизиски фреквенции. Од претседателот слушнавме дека сабота ќе ја помине на работа, во Андриќевиот венец. На вработените во Собранието, им стигна известување, дека е зградата е затворена до понеделник, од безбедносни причини.

„Ова е еден вид показател дека Србија е под некаква окупација од прогресивната мафија. „Денеска во име на пратеничката група на Демократската партија ќе поднесам кривична пријава против генералниот секретар кој ја потпиша оваа одлука, бидејќи одлуката на генералниот секретар не може да го суспендира законот за Народното собрание, во кој се вели дека пратениците можат да влезат во Народното собрание кога сакаат“, изјави претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ.

Оние кои направија медиумската машинерија да работи исклучително добро на националните фреквенции, ги отфрлаат обвинувањата дека повикуваат на насилство. И ги повикуваат граѓаните да не наседнуваат на пропаганден медиумски спин.

Зачлени се на нашиот е-билтен