Протестот сепак ќе се одржи пред Собранието на Србија, ќе има бина и на плоштадот Славија

Студентите во блокадата одлучија денешниот протест сепак да се одржи пред Собранието, но бина ќе биде поставена и кај Славија.

Малку претходно пред оваа вест, студентите од Електро-техничлкиот и од Архитектонскиот факултет најавија дека ќе се смени локацијата на централниот собир во 16 часот, дека тоа нема да биде платото пред српското Собрание, туку плоштадот Славија.

„Со оглед на последните случувања и соочени со се’ позагреаната ситуација во општеството, студентите во блокадата решија местото на нашиот протест да го сменат од платото пред Собранието во Славија. Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.

Зачлени се на нашиот е-билтен