Студентите во блокада повикаа на прекин на протестот по инцидентот кај „Паркот на пионерите“

Студентите во блокада пријавиле дека од правец на Паркот Пионер биле фрлани шишиња и камења.

„Студентскиот протест завршува. Нашите стражари ги соблекоа елеците. Апелираме до граѓаните безбедно да се повлечат“, порачаа на социјалните мрежи.

Студентите за новинарите од Бета изјавија дека собирот се прогласува за завршен кога има инциденти или повреди кои не биле предизвикани од студентите.

Репортерот на агенцијата Бета јавува дека во просторот пред Собранието на Србија повеќе нема студентски чувари, туку дека различни групи луѓе сега шетаат и се собираат пред самата зграда.

Дел од толпата се уште стои на раскрсницата кај Собранието на Србија каде што се случи инцидентот околу 19 часот.

Група собрана во близина на Собранието на Србија вечерва околу 19 часот фрлала разни предмети и пиротехнички средства кон студентскиот камп лоциран во паркот Пионер.

Како што јави репортерот на агенцијата Бета, се’ се случило во близина на заштитната ограда на паркот Пионер, надвор од зградата на Собранието, а студентите брзо ја отстраниле групата луѓе од местото на настанот.

Некои од учесниците на демонстрациите тврдат дека инцидентот го предизвикале луѓе кои го напуштиле кампот Студенти 2.0, но никој не успеал да го документира тоа со видео или фотографија.

Од другата страна, има концентрација на полиција во опрема за немири, со кренати штитови, а зад нив се маскирани лица во цивилна облека.

Зачлени се на нашиот е-билтен