На жандармеријата, која беше стационирана во близина на Правниот факултет, и беше наредено да се движи кон центарот на градот. Жандармите најпрво се пријавиле кај студентските чувари на Правниот факултет и полека се упатиле кон плоштадот Никола Пашиќ, јавува репортерот N1.
Граѓаните цело време скандираа: „Уапсете го Вучиќ“.
До оваа ситуација дојде откако група навивачи се собраа во близина на Народното собрание, палејќи зелени ракети, ја навредуваа полицијата, скандираа и ги провоцираа припадници на полициската бригада и жандармеријата кои стоеја зад оградата кај Стариот дворец.
Навивачите беа маскирани, извести репортерот на ФоНет.
Но, многу бргу потоа, жандармеријата ги спушти штитовите, што граѓаните го дочекаа со аплауз, пренесува Н1.
Претходно граѓаните ја блокираа улицата каде се движеше кордонот на Жандармеријата.