Калајџиев: Тошковски е министер од јануари 2024 година, во цел тој период дискотеката работела без лиценца

Тошковски е министер од јануари 2024 година, во цел тој период дискотеката работела без лиценца
Трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој загинаа 59 млади лица, а над 100 беа повредени, повторно ја отвори темата за институционалната негрижа и доцнењето на реакциите.

Владата најави инспекции за сите ноќни клубови и барови, но ваквите мерки доаѓаат дури откако се случи катастрофата.

Професорот Гордан Калајџиев коментираше дека Владата секогаш чека да се случи трагедија за да преземе нешто.

„Требаше да има тешка сообраќајка за да има контрола во сообраќајот; сега тежок пожар за да се котролираат објектите… ќе чекаме пак да падне авион, да потоне брод… гробница од држава!“, напиша тој.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е на функцијата од јануари 2024 година. За целиот овој период, дискотеката во Кочани работела без лиценца, организирала настани со 1.500 луѓе без противпожарна заштита и брза помош, а во клубот се одржувале пиротехнички шоуа без дозвола.
И покрај сето ова, МВР не презело никакви мерки. Тошковски призна дека вечерта на пожарот полицијата спровела контрола во дискотеката, но неправилности не биле пријавени. Сепак, меѓу загинатите и повредените има и малолетни лица, што отвора сериозни прашања за ефикасноста на контролите.

Зачлени се на нашиот е-билтен