Трамп се закани на Иран, уште „една или две цели“ на американскиот нишан

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори можноста за напади врз Иран, изјавувајќи дека САД имаат уште една или две локации што треба да ги погодат. Државниот секретар Марко Рубио, сепак, рече дека одлука за нови удари сè уште не е донесена.

„Тоа можеме да го направиме за десет минути“, изјави Трамп пред новинарите во својата резиденција на Флорида на 31 октомври.

Тој го спомена подземниот комплекс „Пикакс Маунтин“, кој се поврзува со иранската нуклеарна програма. Иранската влада негира дека таму се изведуваат нуклеарни активности.

Трамп тврдеше дека претходните американски напади уништиле голем дел од иранските воени и нуклеарни капацитети. Истовремено рече дека преговорите за завршување на војната одат добро, но го обвини Техеран дека е недоверлив партнер. Според него, Вашингтон не брза со нова воена акција.

Рубио порача дека САД остануваат отворени за дипломатско решение.

Во претходна изјава за „Гласот на Америка“, претставник на Белата куќа рече дека Трамп ги задржува сите опции за да спречи Иран да добие нуклеарно оружје. Тој одби да ги коментира медиумските извештаи за можни нови воени операции по американските конгресни избори.

Од Техеран пристигна предупредување за возвратен одговор. Во порака објавена на 31 октомври, врховниот лидер Моџтаба Хамнеи им наложи на вооружените сили да бидат подготвени за непосредна реакција без географски ограничувања.

Според објавената порака, доколку САД и Израел ги обноват нападите, Иран ќе одлучува за времето и условите за нивното завршување. Хамнеи побара и ажурирање на списокот со американски и израелски цели.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 885 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 471 (23%)
23 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 374 (18%)
18 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 363 (17%)
17 %

Најчитано