Таравари: Вкупниот број на хоспитализирани е 117, a 13 се испратени на лекување во странство

Таравари: Сите пациенти се згрижени, 13 испратени на лекување во странство
Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека сите пациенти повредени во трагедијата се згрижени и се во стабилна, релативно добра состојба.

„Во хируршките клиники моментално се наоѓаат 25 пациенти, во Градска хирургија 24, во болницата ‘8 Септември’ 24, во Штип 31, а во Кочани 13. Вкупниот број на хоспитализирани пациенти изнесува 117. Дополнително, 13 пациенти се испратени на лекување во странство“, изјави Таравари.

Дваесет пациенти беа во критична состојба
Тој додаде дека во првичните проценки, критични биле 20 пациенти, но бројката сега е нешто повисока.

„Затоа се потрудивме дел од пациентите да бидат испратени на лекување во Солун, Белград, Турција и Софија, каде што има специјализирани центри. Се надевам дека таму ќе добијат соодветен третман, додека останатите ќе продолжат со лекување во земјава“, изјави Таравари, нагласувајќи дека не се очекуваат дополнителни компликации кај преживеаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен