Потпретседателката на Српската партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, објави фотографија на која тврди дека покажува звучен топ употребен за време на протестот на 15 март во Белград.
На него се гледа полициска бригада од страната на Собранието и полициско возило, со направа што може да биде уред за генерирање звучни бранови на хаубата.
Партијата на слободата и правдата најави дека денеска на прес-конференција ќе презентира докази за тоа како МВР преку СДПР набавувало звучно оружје, забрането во Србија.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ призна дека навистина е така, дека оружјето е купено во 2021 година, но дека се уште е „спакувано“ во складиште, без воопшто да се употреби.
Да потсетиме, за време на 15-минутниот молк на протестот во Белград, настана паника откако неколку граѓани почнаа да бегаат. Постои сомнеж за употреба на звучно оружје. МВР и Владата го демантираат ова, а стручњаците ја утврдиле бучавата за којашто велат дека ја создава „Vortex Ring Gun“ или „Vortex Cannon“.