И покрај зголемувањето на цените на новите автомобили, еден пристапен модел успеа да го освои европскиот пазар и да го задржи титулата на најпродаван автомобил во 2024 година.
Според новата студија, најпродаван автомобил во Европа за 2024 година беше Dacia Sandero, со вкупно 286.663 продадени единици. Овој популарен компактен хечбек се истакнува со својата достапност, со цена која е значително пониска од многу конкурентни модели. И покрај тоа што нема луксузна опрема како некои од поскапите ривали, Sandero нуди пространа внатрешност и удобно возење, што го прави идеален избор за возачите кои бараат поволно, но функционално возило.
Други најпродавани модели
На второ место се најде Renault Clio, со 269.436 продадени единици. Clio користи истата платформа како и Sandero, но со порефиниран дизајн и поголема опрема. Најновата верзија се одликува со просторна кабина и багажник од 391 литар, што е меѓу најголемите во класата.
Volkswagen Golf го зазеде третото место, со 225.256 продадени единици. Овој легендарен хечбек продолжува да биде еден од најдобрите избори за семејства, благодарение на својата удобност, динамично возење и економични мотори. Иако почетната цена на Golf е 32.300 евра, нуди широк спектар на верзии, од економичниот модел 1.5 Life до спортскиот Golf R, кој забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,6 секунди.
Топ 10 најпродавани автомобили во Европа за 2024 година:
- Dacia Sandero – 286.663
- Renault Clio – 269.436
- Volkswagen Golf – 225.256
- Tesla Model Y – 221.503
- Volkswagen T-Roc – 215.191
- Peugeot 208 – 202.111
- Toyota Yaris Cross – 199.784
- Škoda Octavia – 199.273
- Dacia Duster – 194.129
- Peugeot 2008 – 182.185
Извор: Vecernji