Во пожарите во Јужна Кореја најмалку 24 луѓе загинаа, а во критична состојба се 12 лица. Повеќе од 23.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
„Невидената криза и натаму е во критична фаза, ова е најлошиот шумски пожар во историјата“, рече Хан Дук-со, привремениот претседател на Јужна Кореја.
Во пожарите изгоре и храм стар 1300 години во Уисеонг, а повеќето вредни предмети биле однесени на сигурно.
Пожарите почнаа во петокот, и брзо се ширеа поради силните ветрови.