Ерменскиот парламент го усвои нацрт-законот за започнување на процесот за пристапување на кавкаската земја во Европската унија (ЕУ).
Законот, усвоен во последното читање со 64 гласа „за“ и седум „против“, ја повикува ерменската Влада да го иницира процесот.
Во ова поранешна советска република расте недовербата кон Русија, историскиот сојузник кој сè уште одржува воена база на ерменска територија.
Ерменија, исто така, ја критикува Москва за недоволната поддршка во однос на Азербејџан, кој во есента 2023 година повторно го освои азербејџанскиот регион Нагорно Карабах со мнозинско ерменско население, што цели три децении беше контролиран од сепаратистите.