Триесетина ученици од Пробиштип и Злетово ја посетија редакцијата на Рацин.мк

Триесетина ученици од основните училишта од Пробиштип и Злетово, заедно со нивните наставници, денеска беа во посета на редакцијата на порталот Рацин.мк.

Учениците се запознаа со работата на порталот и поставија повеќе прашања за новинарската професија.

Посетата во Скопје, каде што посетија и повеќе други редакции, е во органзиацијата ГРИТ од ПРобиштип, во соработка со „Лице в лице“ во рамки на проктот „Лице в лице дурбин – медиумски активизам преку креирање приказни кои прават промена“.

Проектот се реализира во рамки на Регионалната програма  „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за генерирање медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“ со финансиска поддршка од Европската унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен