Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брнабиќ: Денеска последното европско гето е легализирано со контејнери и оклопни возила

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ порача дека денеска со изборите на северот на Косово е легализирано и легитимизирано последното европско гето.

На својот Твитер профил таа наведе дека фотографиите од северот на Косово, кои ги објави, „навистина го прикажуваат „владеењето на правото“ и вистинското значење на „демократските избори“ на Косово и Метохија, кои се поддржани од ЕУ и Квинтата“.

„Одржување избори во привремени контејнери под директен надзор на вооружените сили. Избори – слободни и фер, со вооружени сили и оклопни возила. Ова е Европа во 21 век“, им порача таа на Европската унија и на американскиот амбасадор и мисијата на ОБСЕ во Приштина

Зачлени се на нашиот е-билтен