Награди за млади научници во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ за 2025 година

Министерство за образование и наука известува дека во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ се предвидуваат награди за млади научници за 2025 година.

Подетални информации за овие награди може да се добијат на линкот: https://en.unesco.org/mab/awards#yong-scientists.

-Сите апликации, пред да бидат доставени до Секретаријатот на МАБ програмата, најнапред треба да бидат одобрени од Националниот комитет на МАБ програмата, за кој е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање и кој треба да потврди дека кандидатите ги задоволуваат критериумите за апликација за наградите, додека во државите каде не е формиран овој комитет, селекцијата ја врши Националната комисија за УНЕСКО, се наведува во онјавата на МОН.

Апликациите за МАБ-наградите за 2025 години треба да бидат доставени до УНЕСКО најдоцна до 15 мај 2025.

Зачлени се на нашиот е-билтен