Аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“ сега се достапни за слушање на ромски, македонски и албански јазик

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Europe House мрежата ви ја претставува оваа заедничка активност: Аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“ – достапни сега за слушање на ромски, македонски и албански јазик. 

Дали знаете дека Ромите, со околу 12 милиони луѓе, се најголемото малцинство во Европа? А нивната култура – од музика и танц, до јазик и раскажувачка магија – е нешто што навистина го збогатува нашето заедничко европско ткаење.


Од Europe House посочуваат дека во почитувањето на различноста, вредноста на културите што ја градат Европа, и затоа е оваа иницијатива за да се поддржигласот на оние што премногу често се игнорирани – а имаат толку многу да раскажат.

Затоа повикуваат на запознавање на нивната култура преку кратките илустрации „Ромите во Европа и во Република Северна Македонија“ кои ги промовиравме лани по повод Меѓународниот ден на Ромите, преку мрежата на Europe House.

Ромскиот јазик е јазик на живо зборување. А слушањето бајки на ромски не е само магично – тоа е начин за зачувување на јазикот, идентитетот и традицијата.

▶️ Слушни ги бајките на ромски јазик
▶️ …на македонски
▶️ …или албански

Оваа иницијатива е реализирана во соработка со Самоглас – дигитална платформа за аудиокниги, а книгата е креирана како дел од тригодишен проект поддржан од Европската комисија. Текст е обработен од Здружение „Југендстил“. Илустрациите се од Петрос Филипидес, Грција.

Слушнете барем една бајка. Споделете ја со некого. Да им дадеме глас на приказните што нѐ поврзуваат.
 

Најчитано