Белградското дерби ја вжештува Евролигата: Партизан бара пресврт, Ѕвезда петта победа по ред

Партизан и Црвена ѕвезда вечерва од 20:45 часот во „Белградска арена“ го играат првото евролигашко дерби сезонава. Дуелот од седмото коло доаѓа во различен момент за најголемите српски ривали: црно-белите бараат прекин на серијата порази, додека црвено-белите сакаат да ја продолжат победничката низа.

Партизан по шест кола има по три победи и порази. По успешниот почеток следуваа три неуспеси, па дербито е можност за враќање на самодовербата пред домашната публика. Црвена ѕвезда, пак, по двата

Тренерот на Партизан, Жоан Пењароја, кажа дека неговиот тим е подготвен за борба и дека не сака да бара оправдувања. Тој ја истакна добрата форма на противникот, особено цврстината и континуитетот во одбраната.

„Знаеме дека за навивачите ова е посебен натпревар. Сакаме да победиме и ќе дадеме сто проценти“, рече Пењароја.

Шпанскиот стратег нагласи дека Партизан ќе мора да најде решенија преку колективната игра. Карлик Џонс останува важен за организацијата и реализацијата, но Пењароја порача дека за победа ќе биде потребен придонес од целиот состав. На спротивната клупа ќе биде неговиот сонародник Ибон Наваро.

Дополнителна тежина на дуелот му дава и интересот на публиката: Партизан соопшти дека билетите за дербито се распродадени.

Вечерва во Евролигата се играат уште пет натпревари. Програмата почнува во 19:30 часот со истанбулската пресметка меѓу Анадолу Ефес и Бешикташ. Баерн го пречекува Дубаи од 20 часот, Макаби и Реал Мадрид играат од 20:05, Панатинаикос и Басконија од 20:15, а Милано и Барселона од 20:30 часот. Сите термини се по македонско време.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?