Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изрази оптимизам во врска со напредокот во преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран, јави ДПА.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека двете земји се подготвени директно меѓусебно да разговараат за конкретни прашања.
Разговорите, со посредство на Оман, се очекува да продолжат оваа сабота. Третата рунда ќе се одржи во Мускат, откако вчера се разговараше во Рим.
Гроси изрази задоволство од досегашниот напредок, нагласувајќи дека преговорите биле на работ на неуспех во текот на вториот круг.
„Постоеше реален ризик дека сè ќе пропадне. Наместо тоа, духот на Рим покажа дека напредокот е можен“, додаде Гроси.