Во Либан уапсени неколку лица осомничени дека планирале напади врз Израел

Во Либан се уапсени неколку лица кои се осомничени дека планирале ракетни напади врз Израел и е запленето оружјето што имале намера да го употребат, соопшти денеска либанската армија.

Војската во соопштението  наведува дека уапсените се поврзани со милитантите приведени претходно оваа недела и дека разузнавачката служба ги истражува информациите за плановите за нов ракетен напад.

Армијата претресла стан во градот Сидон, запленила ракети и минофрлачи и уапсила неколку лица вклучени во планирањето на нападот.

Либанската армија пред неколку дена соопшти дека привела неколку лица, вклучително и неколку Палестинци, кои учествувале во истрелувањето ракети во два одделни напади врз Израел кон крајот на март. 

Зачлени се на нашиот е-билтен