УНХЦР планира да затвори четири канцеларии во Мексико поради финансиската криза 

Службеник на агенцијата за бегалци на Обединетите нации во Мексико денес изјави дека УНХЦР планира да затвори четири канцеларии во оваа латиноамериканска земја, поради „сериозната финансиска криза“ со која се соочува агенцијата. 

Службеникот за Ројтерс изјави дека агенцијата вече отпуштила 190 вработени поради финансиската криза. 

Во јужните мексикански градови Паленке и Теносик, во близина на границата со Гватемала, има две канцеларии чие затворање е планирано. 

Работата на УНХЦР во Мексико во голема мера зависеше од финансирањето од САД, кое американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира со извршна наредба. 

Трамп, исто така, воведе сеопфатни мерки на границата меѓу САД и Мексико, со цел забавување на миграцијата во н еговата држава.

Зачлени се на нашиот е-билтен