Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја пофали Франција за време на средба со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за собирањето европска поддршка за мировниот договор за Украина и рече дека Европа мора да вложи напор да обезбеди реални ресурси и политичка волја за да помогне во завршувањето на војната, соопшти Стејт департментот.
„Секретарот Рубио го пофали лидерството на Франција во собирањето европска и украинска поддршка за одржлив договор, но јасно стави до знаење дека зборовите не се доволни – Европа мора да ги зголеми вистинските ресурси и политичката волја за да се заврши таа војна“, се вели во соопштението.
Рубио изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е фокусиран на запирање на бесмисленото крвопролевање во Украина и ја потврди посветеноста на САД на тесна соработка со Франција и другите европски партнери за да се обезбеди траен мир.