САД и Кина денеска почнуваат трговски преговори во Швајцарија

Министерот за финансии на САД Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Гриер денеска во Швајцарија ќе се сретнат со кинескиот потпретседател на владата, Хе Лифен, на првите преговори меѓу двете страни во услови на глобална несигурност предизвикана од трговската војна, пренесе ДПА.

Преговорите во Женева ќе бидат внимателно следени поради трговската војна иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп, кој воведе царини од најмалку 10 отсто на целиот увоз во земјата, како и други бариери за повеќе трговски партнери, што предизвика значителни потреси на берзите и финансиските пазари.

Иако многу од планираните царини беа укинати за да се овозможат трговски преговори, посебните царини до 145 отсто остануваат во сила за кинеските производи, додека Пекинг возврати со царини до 125 отсто за американските производи.

Преговорите во Женева претставуваат прв чекор од двете страни, кои досега само се обидуваа да се позиционираат во посилна позиција.

Има индикации дека Вашингтон може да биде подготвен да ги намали царините. „80% царина за Кина изгледа правилно! До Скот Б.“, напиша Трамп вчера на социјалните мрежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен