Владата на Христијан Мицкоски, предводена од популистичкиот бран што го искористија од страна на ВМРО-ДПМНЕ додека беа во опозиција, сериозно ја загрозува европската иднина на земјата со своето неодговорно однесување, компромитирајќи ги перспективите за остварување на стратешката цел – членство во ЕУ.
Иако ова прашање беше прогласено за врвен приоритет на новата влада, премиерот и неговиот најблизок круг, всушност, целосно се повлекоа од европското досие – сега без никаков обид да го сокријат тоа во јавните настапи.
Владата не само што не успеа да изгради консензус за европската интеграција, туку сега се појавува со бесмислени ставови за „гаранции“ што, парадоксално, тврди дека ги наметнува на самата Европска Унија како услови – како да е ЕУ таа што мора да ги исполни нашите стандардi.
Овој апсурден политички пристап оди дотаму што никој не е јасен какви гаранции бараме, од кого, кој треба да ги обезбеди, кој ги потврдува и кој ги поддржува.
Владата намерно создава „нов спор за името“ за да ја држи земјата изолирана и надвор од интеграциските процеси што би ја извлекле Македонија од балканската кал.
Денес, Република Северна Македонија е изолирана земја на меѓународно ниво – без официјални билатерални посети од нашите традиционални сојузници и партнери.
На земјата ѝ е потребна нова политичка платформа што ќе понуди јасна и искрена европска визија, преку зачувување на националното достоинство на сите граѓани и етнички заедници.
Оваа влада веќе целосно го изгуби легитимитетот да ја води оваа платформа.
Затоа, единственото решение се предвремени парламентарни избори.