Петровска: Нема никакво поместување во процесот на европска интеграција на државата

„Процесот на европска интеграција не е ниту  во втор план ставен, туку е многу подолу на агендата на оваа влада, смета Славјанка Петровска.

Во суштина, освен една-две добро срочени изјави, не гледаме никакво вистинско поместување на тој план. Од друга страна, како што гледаме, земјите — особено Албанија — веќе забрзано се стремат кон приклучување кон Европската Унија, и извесно е дека ќе го фатат оној бран на проширување во 2030 година. Имаше големи ветувања пред изборите, особено од лидерот на владината коалиција, Мицкоски, дека имаат план, ама еве, по една година, не видовме ништо од тој план. И најверојатно тој ‘план’ им беше дека ќе подзаборавиме на изборните ветувања”, рече пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Излегувањето на една од партиите од владината коалиција всушност го покажува дефектот во начинот на функционирање на оваа влада и укажува дека не може да ги исполни ветувањата пред граѓаните. За нешто помалку од една година од нејзиното формирање гледаме дека во суштина немало ниту дијалог, ниту почитување на коалиционите партнери, ниту исполнување на ветувањата, 

Зачлени се на нашиот е-билтен