Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски денеска рече дека како партија бараат траснпарентност и одговор за заемот од 6 милијарди евра од Велика Британија, бидејќи тоа е едно од најголемите задолжувања на државата, на идните генерации, направено од која било влада досега.
Талески нагласи дека СДСМ ќе го поддржи договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и тука нема диелма, но за делот со заемот јавноста нема никакви информации и дека власта е должна да ги соопшти.
„Со оглед на тоа дека за вакво сериозно задолжување од 6 милијарди евра, граѓаните немаат никаква информација, ни од претседателот на владата, ни од вицепремиерот, може да има простор за разни шпекулации. Затоа ние како партија бараме јасно да се стави во јавност, за што се тие 6 милијади, какви се условите на кредитот, колку ќе бидат каматите, која е обврската на државата што треба да ја исполни спрема Велика Британија. Особено што имаме негативно искуство во овие 10 месеци откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, државата се задолжи во друга земја со една милијарда, а во домашните банки со над 600 милиони евра“, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.