Трамп ѝ направи голем проблем на идната кралица на едно познато европско кралство

By Ian Jones - Buckingham Palace reception, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=131631531
By Ian Jones – Buckingham Palace reception, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=131631531

Трамп ѝ направи голем проблем на идната кралица на едно познато европско кралство. Принцезата Елизабет, 23-годишната идна кралица на Белгија, штотуку ја заврши својата прва година на Универзитетот Харвард, но забраната што ја наметна администрацијата на Доналд Трамп за странски студенти што студираат таму би можела да го загрози нејзиното понатамошно присуство, пишува британски Гардијан.

Администрацијата на американскиот претседател во четврток ја отповика можноста на Харвард да запишува странски студенти и ги принудува сегашните странски студенти да се префрлат на други училишта или да го изгубат својот легален статус во САД, а истовремено се заканува дека ќе ја прошири репресијата и на други колеџи.

„Принцезата Елизабет штотуку ја заврши својата прва година. Влијанието на одлуката [на администрацијата на Трамп] ќе стане појасно во наредните денови/недели. Моментално ја истражуваме ситуацијата“, изјави портпаролот на белгискиот кралски дворец, Лоре Вандорн.

„Во моментов го анализираме ова и ќе оставиме работите да се средат. Многу работи сè уште можат да се случат во наредните денови и недели“, додаде директорот за комуникации на дворецот, Ксавиер Берт.

Елизабет студира јавна политика на Харвард, двегодишна магистерска програма која, според веб-страницата на универзитетот, ги проширува перспективите на студентите и ги изострува нивните вештини за „успешна кариера во јавната служба“.

Принцезата е наследничка на белгискиот престол, како најстара од четирите деца родени на кралот Филип и кралицата Матилда. Пред да оди на Харвард, таа дипломирала историја и политика на Универзитетот во Оксфорд.

Харвард во четвртокот соопшти дека потегот на администрацијата на Трамп, кој влијае на илјадници студенти, е нелегален и претставува одмазда.

Зачлени се на нашиот е-билтен