Откривањето на незаконските активности на раководството на влен, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето:
ВМРО-ДПМНЕ ги создаде и ги избра токму затоа што се уценливи и контролирани преку отворени досиеја во обвинителството кое е целосно под контрола на власта.
Во Општина Чаир, изградбата на над 150 дивоградби – без дозволи, без сеизмички и статички стандарди и без каков било институционален надзор – претставува не само урбан криминал и сериозна закана за граѓаните, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски, кои сега се претворени во покорни алатки на антиевропската и антиалбанската агенда на Владата.