Врз основа на медиумски написи, Обвинителство постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Врз основа на медиумски написи, однсно по допрен глас Јавното обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.

Од ЈОРМС, информираат дека се постапува по предметот и дека се преземаат дејствија на проверки.

„Обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски на РСМ, од Државниот управен инспекторат на РСМ, но и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Истовремено, во текот на оваа предистражна постапка е преземено и дејствие на испитување на повеќе лица кои даваат потребни известувања, така што беа испитани поголем број службени лице од општина Чаир, како и дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Чаир, со тоа што овој процес на обезбедување на вербални докази е се уште во тек“, информираат од ЈОРСМ.

По анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза, како што посочуваат од Обвинителство, ќе следи донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука.

Зачлени се на нашиот е-билтен