Кремљ денеска соопшти дека не знае ништо за мировната мисија на Ватикан во Украина.
Папата Франциск вчера, на враќање од Будимпешта, кажа Ватикан е вклучен со дискретни напори во завршувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина и е подготвен да помогне да се вратат украинските деца однесени во Русија или во областите под руска окупација.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва нема информации за иницијативата.
-Подготвен сум да направам се што треба да се направи. Сега мисијата е во тек, но сè уште не е јавна. Кога ќе биде јавна, ќе ја откријам, им кажа папата на новинарите за време на неговиот лет за дома, по тридневната посета на Унгарија.
„Мислам дека мирот секогаш се создава со отворање канали. Никогаш не можете да постигнете мир со затворање… Ова не е лесно“, додаде тој.
Украинскиот премиер Денис Шмихал во четвртокот се сретна со папата во Ватикан и притоа кажа дека разговарал за „формулата за мир“ што ја предложи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој исто така кажа дека го поканил папата да го посети Киев.
Папата Франциск (86) претходно изјави дека сака да го посети Киев, но и Москва, во мировна мисија