Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Видеопроекции со цитати од македонско творештво низ Скопје, најавени и во други градови

По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво, најавија од Министерството за Култура.

Во Скопје синоќа на зградата од македонскиот Парламент се забележани стихови од „Кога ја љубев Дениција” на Петре М. Андреевски.

Во Скопје синоќа на зградата од македонскиот Парламент се забележани стихови од „Кога ја љубев Дениција” на Петре М. Андреевски.

И поговорката од народната ризница на Марко Цепенков „Јазико коски нема, коски кршит“ блесна на зградата на Парламентот.

На тврдините на Скопското кале синоќа осамнаа стиховите „Јас и ти сме браќа стари, таква љубов чини пари…“ од култната нумера „Скопје“ на Леб и сол.

Надлежните институции денеска организираат дебати и повеќе културни настани.

Годинава одбележувањето е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

Ден на македонскиот јазик — празник од работен карактер кој се празнува на 5 мај. прогласен е на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.

Прогласен е во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Ј. Ѓ. (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен