Јапонија: Три дрона навлегле во нуклеарниот комплекс Генкаи

Три светлечки објекти за кои се претпоставува дека се дронови навлегле во подрачјето на нуклеарниот комплекс Генкаи на југозападот на Јапонија, соопшти Националната агенција за нуклеарен надзор.

Компанијата „Кјушу Електрик Пауер“, која управува со електраната, пријавила дека дроновите биле забележани во текот на ноќта, по што е извршена итна проверка. Според агенцијата, не се регистрирани никакви абнормалности во работењето на електраната, која има четири реактори, и нема ризик за населението.

Надлежните потврдија дека летовите со дронови во и околу нуклеарни објекти се забранети, а инцидентот го опишаа како „исклучително невообичаен“.

Локалните власти известија дека нема промени во радијациските нивоа и дека не е потребна евакуација на населението.

Зачлени се на нашиот е-билтен