МНР на Украина: Учеството на лидерите на Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан е неморален и непријателски чин кон Украина

Обративме внимание на учеството на премиерот на Ерменија, претседателите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан на настанот на црвениот плоштад во москва на 9 мај.

За време на настанот, претседателот на руската федерација, владимир путин, кого меѓународната правда го бара за воени злосторства, ги оправдуваше убиствата на Украинците, уништувањето на украинските градови и села, киднапирањето на украинските деца и репресијата врз жителите на окупираните украински територии. Ноќта пред настанот, рф лансираше 25 крстосувачки ракети врз Украина, вклучително и 15 врз Кијив, со цел да предизвика уште повеќе смрт и страдање, и да предизвика уште поголемо уништување на украинска територија.

На учесниците им беше демонстрирана руска воена опрема, која десетта година по ред учествува во неиспровоцираната агресивна војна на русија против Украина.

Учеството на лидерите на наведените држави на јавен настан покрај воен злосторник, кој се фали со започнување на војна во Европа од размери непознати од Втората светска војна, го сметаме за неморален и непријателски чин кон Украина, покажување на презир кон украинскиот народ кој се бори за својот опстанок и слобода.

Народите од Централна Азија и Кавказ дадоа непроценлив придонес во победата над нацизмот пред 78 години. Тие не заслужуваат таква судбина сега да бидат искористени од кремљ за учество во лажно дејствие кое нема ништо заедничко со подвигот на победниците над нацизмот.

Зачлени се на нашиот е-билтен