„Маршот за ангелите“ паузира овој викенд: болката се повлекува во тишина за Илинден

Фотографија од албумот „Марш за ангелите“ посветен на протестот на семејствата на загинатите во Кочани. Фото: Ванчо Џамбаски, CC-BY-NC
Фотографија од албумот „Марш за ангелите“ посветен на протестот на семејствата на загинатите во Кочани. Фото: Ванчо Џамбаски, CC-BY-NC

Семејствата на 62-та млади луѓе што загинаа во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ соопштија дека редовниот „Марш за ангелите“, планиран за сабота, 2 август, нема да се одржи. Одлуката е донесена од почит кон државниот празник Илинден – ден посветен на борбата за слобода, достоинство и национално сеќавање.

„Илинден е ден што заслужува тишина и почит. Вистинска слобода има само кога постои и правда – особено за невините“, стои во писмото до јавноста потпишано од родителите. „Иако овој викенд нема да излеземе на улиците, нашата болка, љубов и борба не престануваат. Ќе продолжиме следната сабота – посветени, обединети и гласни – во името на сите неправедно одземени.“

Притисок што не попушта

„Маршот за ангелите“ се одржува секоја сабота од трагедијата на 16 март и стана симбол на упорноста со која семејствата бараат одговорност од институциите.

Зачлени се на нашиот е-билтен